Соработничка на Амбер Херд на суд открила детал за „Аквамен“ кој не смеела

од Stefanija Kuzmanovska

Консултантот за забавна индустрија Кетрин Арнолд сведочеше на судењето на актерот Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Таа зборуваше во полза на Херд и рече дека „клеветничките изјави“ на адвокатот на Деп, Адам Волдман, ѝ наштетиле на кариерата на Амбер, а студијата и брендовите станале загрижени да работат со неа поради реакциите на социјалните мрежи.

Сепак, додека зборуваше за тоа дека улогата на Амбер Херд во филмот „Аквамен 2“ е значително намалена, таа откри и дел од филмот што веројатно не смееше.

„Тоа беше момент кога не само што беше добра актерка, туку стана светски позната затоа што беше во најуспешниот филм… секако за DC Comics“, рече Арнолд.

„Го добив сценариото, а потоа добив нови верзии на сценарија од кои беа исфрлени сцените со мојот лик. Во основа ми го одземаа најголемиот дел од улогата. Само ја отстранија“, изјавила самата Амбер претходно.

„Верувам дека во првиот чин од филмот е повредена или тоа имаше врска со бебето“, рече Арнолд. Таа додаде дека ликот „ќе заврши во болница рано во новиот филм „Аквамен 2“ и дека нема да го има до крајот.

„Така, нејзината улога беше радикално намалена во однос на она што беше во сценариото и она за што тренираше додека се подготвуваше за филмот“, додаде соработничката на актерката.

Слични содржини