Советниците не изгласаа субвенции за ЈСП, автобусите ќе останат во гаражите

од Nikola Popovski

Советот на Град Скопје денеска не ја изгласа одлуката за давање на субвенции за ЈСП Скопје. „За“ одлуката гласале само 22 членови на Советот, додека воздржани биле 13 советници.

Немало советници кои биле против.

-Одлуката за давање субвенции не е донесена. Со тоа дневниот ред на седницата е исцрпен, кажа претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.

Ова значи дека ќе продолжи протестот на вработените во ЈСП Скопје и автобусите нема да излезат од гаражите на претпријатието.

Денес автобусите сообраќааа само пет часа, по што се повлекоа од градските улици.

Слични содржини