Советот на Европа утре ќе расправа за членството на Косово во оваа организација

од Stefanija Kuzmanovska

Барањето на Косово за членство во Советот на Европа е на дневен ред на состанокот на Комитетот на министри во понеделник, тврди советничката на косовската претседателка, Рејхан Вуниќи.

Барањето на Косово за прием во Советот на Европа ќе се најде на дневен ред на вонредната седница на Комитетот на министри (КМСЕ) закажана за понеделник на 24 април, дознава „Косово онлајн“ од дипломатски извори.

Како што соопшти медиумот, нацрт-одлуката која во понеделник треба да им биде претставена на амбасадорите во КМСЕ и за која се бара нивна поддршка, се однесува на договорите од Брисел од 27 февруари и Охрид од 18 февруари, во кои се наведува дека Србија „нема да се спротивстави на членството на Косово во меѓународните организации“.

Слични содржини