Советот на министри на ЕУ првпат во историјата не го усвои годишниот Извештај за проширување

од Vladimir Zorba
74 прегледи

 

Советот на министри, првпат во историјата на ЕУ не го усвои годишниот Извештај за проширување поради немањето согласност во однос на Турција.

Станува збор за документ во кој се изнесуваат заклучоци на ЕУ за напредокот на земјите кои се во процес на придружување.

Усвојувањето на овој документ е блокирано поради непостоењето консензус околу делот кој се однесува на Турција.

Австрија побара преговорите со Турција да се замрзнат поради непочитување на европските стандарди и врендости во таа земја, со што не се согласија останатите членки на ЕУ.

Поради непостоење консензус околу Турција, наместо годишни заклучоци на Советот за проширување издадено е соопштение од словачкото претседателство во кое се укажува дека големо мнозинство од земјите членки ги поддржала тие заклучоци.