Актуелно
Почетна / Сцена / Спајк Ли во костум во чест на Коби Брајант

Спајк Ли во костум во чест на Коби Брајант

Актерот оскаровец Спајк Ли, кој вечерва ќе презентира една од наградите на Оскарите, на црвениот тепих зачекори во виолетово-жолт костум.

Тој на овој начин му оддава почит на трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант. Коби, неговата ќерка Џиџи и уште седум лица загинаа во хеликоптерска несреќа на 26 јануари. Се очекува во текот на оскаровската ноќ да му се оддаде почит на кошаркарот со ревијален трибјут.

Вечерва македонската публика со нетрпение ги очекува доделувањата на Оскарите во категориите Најдобар странски филм и Најдобар документарен филм.

loading...