Спасевска: Очекуваме зголемување на бројот на кандидати на студиските програми од интерес за македонското стопанство и јавниот сектор

од Vladimir Zorba

Оваа година нашиот универзитет нуди нови или повторно акредитирани студиски програми, меѓународно препознатливи и усогласени со студиските програми на европските универзитети, кои овозможуваат поголема мобилност на идните студенти и се усогласени со потребите на пазарот на труд. Поради тоа очекуваме дека бројот на кандидати ќе се зголеми и на студиските програми кои се од интерес за македонското стопанство и јавниот сектор, изјави проректорката за настава на Скопскиот универзитет Христина Спасевска.

Во последните неколку години за нашите матуранти се атрактивни и универзитети во регионот, особено во Словенија, но и во други земји во Европа, како и во САД. На прашањето каков тренд покажуваат споредбените податоци за запишани студенти на УКИМ во изминатите пет години, проректорката на УКИМ вели дека во зависност од општествените и социоекономските фактори во државава, се менува и бројот на запишани.

-Имајќи ја предвид големината на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се прави годишна анализа за интересот на средношколците да студираат на нашиот универзитет, која се разгледува на седница на Ректорската управа со цел да се дефинираат квотите за упис за наредната академска година, наведува Спасевска.

Слични содржини