Спасовски: МВР во наредниот период поинтензивно ќе влезе во пресметка со криминалот и криминалците

од Берта Китинска
131 прегледи

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  го осуди и вчерашниот напад на полициските службеници од страна на двокрадци во Велешко.

Приведени се четири лица и се идентификувани 10 дополнителни лица кои учествувале во нападот, сите, како што рече Спасовски во одговор на прашање, се од ромска националност и се од Прилеп и ги нападнале полициските службеници со дрва камења и се што им се нашло при рака. Спасовски рече дека се вршат претреси и се преземаат дополнителни активности со цел да се расчисти случајот. Очекува и брза постапка од Обвинителството.

– Очигледно е дека зголеменото присуство на полицијата на терен и јасната порака дека влегуваме во пресметка со криминалот предизвикува реакции кај криминалците. Таков е и случајот со дрвокрадците кои вчера нападнаа петмина полициски службеници од кои еден е со серизни тешки телесни повреди и е во Клиничкиот центар во Скопје. Тој е контактибилен и го посетивме заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, но има фрактура на черепот и на коските на лицето, како и фрактура на подлактица, рече Спасовски.

Министерот нагласи дека секој кој ќе нападне полициски службеник ќе се соочи со законот.

– Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки и однесувања нема да се толерираат во ниту еден случај. Јасно порачуваме дека насилниците кои удрија врз полициските службеници ќе одговараат. Очекувам и брза постапка од ЈО без калкулации за заедно да придонесеме насилниците да одговараат. Мораме да ги демотивираме криминалците да го прават тоа, посочи Спасовски и додаде дека во последните 15 дена има многу оперативни акции за сузбивање на криминалитетот.

Спаосвски најави дека МВР во наредниот период поинтензивно ќе влезе во пресметка со криминалот и криминалците.

Слични содржини