Спасовски: Тој што сака да зема политички поени на криза и на мртви души тие се многу тешки поени

од Radmila Tasevska

„Тој што сака да зема политички поени на криза и на мртви души тие се многу тешки поени,“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија.

Тој додаде дека на Мицкоски уште еднаш му посакува добро здравје и долг живот.

„Од 2006 до 2018 застанаа интеграциите. Граѓаните треба да имаат јасна претстава за тоа кој е тој што може да ги завршува работите и кој е тој што само декларативно се залага за одредени состојби коишто ги има“, потенцираше Спасовски.

Тој додаде дека СДСМ ќе направи се за оваа опција којашто ја гарантира извесноста на граѓаните има можност да ја формира следната влада.

„Се уште нема одлука како ќе се настапува на избори. Раководството на партијата донесоа одредени предлог одлуки, се очекува седница на ЦО на којшто ќе се разговара за предлог одлуките донесени на ИО“, заклучи Спасовски.

Слични содржини