Спасувачката операција за 5. Македонци на Пирин успешно завршена

од Марта Пешевска
122 прегледи

Спасувачката операција во Пирин заврши успешно. Петмината скијачи и сноубордери, кои скијале надвор од назначени локации и при тоа паднале во провалија, се спасени, соопшти  синоќа   Планинската спасувачка служба.

Операцијата за спасување се одвиваше синоќа во Пирин во Дамјанишката долина.

Како што претходно јави МИА, сигналот за помош бил доставен до Планинската спасувачка служба во Банско. Околу 20.00 часот синоќа десет спасители ја извршуваа акцијата за спасување на луѓето во планината.

Сите пет македонски државјани се во добра состојба.

Потсетуваме  дека во петок лавина во Банско однесе два живота.