Спектакл: Том Круз ќе скокне со падобран и со тоа ќе ги затвори Олимписките игри во Париз?

од Илинка Илиоска
273 прегледи

Том Круз (62) најверојатно ќе ги затвори Олимписките игри во Париз.

На крајот од овогодинешниот спектакл, познатиот актер наводно ќе слезе со падобран до знакот Холивуд во Лос Анџелес, кој ќе биде домаќин на Олимписките игри во 2028 година, пишува TMZ.

Актерот наводно го снимал својот трик уште во март, а извор од странските медиуми изјавил дека никој не претпоставувал дека тоа може да биде поврзано со Олимпијадата.

Наводно, на видеото се гледа како актерот патува со авион носејќи знаме од Франција до Калифорнија, завршувајќи со него како спушта со падобран на иконата холивудски знак.

Круз е познат по тоа што повеќето од опасните акробации ги прави сам на филмските сетови без помош од каскадери.

Според американските медиуми, зад овој проект стои продуцентската куќа ‘Fulwell 73’, а нивната намера е да го одбележат примопредавањето со Лос Анџелес во комбинација со атракции кои ќе се одржуваат во живо.

Уште во 2004 година, во пресрет на Летните олимписки игри во Атина, Круз помогна да се носи факелот низ Лос Анџелес, потсетува Јутарњи лист.

Актерот е познат по својата спортска дисциплина која го одржува во одлична форма.

Тој претходно за Men’s Health откри што прави за да остане фит.
-Кајак, мечување, лента за трчање, тегови, планинарење… Нема ништо што не правам – рекол меѓу другото Том Круз.

Слични содржини