„Спорт“: Чави доби отказ од Барселона

од Vladimir Zorba

Чави Ернандез е ослободен како тренер на Барселона, објави „Спорт“. Менаџерот бил информиран за одлуката на клубот на состанокот околу 13.30 часот денеска. Неговото место од следната сезона ќе го заземе Ханзи Флик, а назначувањето најверојатно ќе биде потврдено во понеделник.

Откако утрово медиумите открија договор меѓу претседателот Жоан Лапорта и германскиот стручњак, самиот Чави инсистираше на итна средба. На него Лапорта и останатите газди го известиле тренерот за одлуката.

Останува да видиме дали Чави ќе ја предводи Барса во последниот натпревар од сезоната, кој е против Севиља во недела.

Слични содржини