Спортисти страдаат, зато што не можат да ловат Покемони на Олимпијадата

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Спортисти и навивачи беа разочарани кога дознаа  дека “Pokemon Go” сеуште не се игра во Бразил. Тоа предизвика повеќе емоции отколку фактот дека беа потребни неколку дена за да се исправат водоводот и осветлувањето во Олимпиското село.

 

покемАко постои некаков главен проблем за Олимписките игри во Рио, над кои тежи сенката на вирусот Зика и непријатностите на нечиста вода, тоа  сепак не етоа туку е недостатокот на пристап до мобилната игра која ги обедини сродните души од целиот свет. Играта се шири како шумски пожар и веќе зафати над 30 земји, но не и Бразил. “Посакувам да можев да се прошетам наоколу низ Олимпиското село и да си фатам некој  Покемон”, изјави новозеландската  натпреварувач каво фудбал Ана Грин. “Едноставно не можам да го најдам во вашиот телефон. Не е страшно, но ќе беше забавно “, смета девојката. Запрашана што ќе прави наместо да лови покеноми, Ана одговара “Ќе тренирам”. Оваа недела британскиот тркач по кану Џо Кларк со скршено срце соопшти на Твитер дека нема ниту еден Покемон во Рио. Сепак, некои спортисти  ја гледаат и добрата страна на работите. Канадскиот учесник во тимот хокеј на трева Метју Сарменто рече дека овој недостаток ќе му даде можност да се запознае со други учесници на Олимпијадата. Спортистите може и да немаат пристап до Покемон, но затоа пак им се обезбедени 450 000 кондоми, што е три пати повеќе отколку на Олимпијадата во Лондон. Од нив 100 000 се кондоми за жени. Властите негираат  дека тоа  е поврзано со вирусот Зика кој води до спонтани абортуси и малформации. Градоначалникот на Рио Едуарду Паеш упорно бараше играта да стане достапна во Бразил пред почетокот на Олимпијадата. “Сите доаѓаат кај нас. И вие треба да дојдете “, напиша Паеш на португалски на Фејсбук, додавајќи хаштаг #PokemonGoNoBrasil -” Pokémon Go “in Brazil.