Спречувањето упад во Собрание за Каракамишева е диктатура

од Vladimir Zorba

Спречувањето упад во Собрание за Каракамишева е диктатура
  •  18.06.2018

Личности од јавниот живот со жестоки реакции и обвинувања на социјалните мрежи по синоќешниот протест, на кој полицијата во обид да спречи упад во Собранието употребила солзавец за растерување на толпата. За професорката Тања Каракамишева од правниот факултет, ваквата полициска реакција е доказ за диктатурата на власта.

„Ајдеее, режимот си го покажува лицето на дело! Диктатори ставиле демократски маски и мислат дека се им се може“ – напиша таа на Фејсбук.

На истата социјална мрежа се огласи и професорката Билјана Ванковска. Таа по учеството на протестот преку својот Фејсбук профил напиша дека полицијата фрлала шок- бомби кон самите демонстранти.

„На жена во паркот и паѓа шок бомба во скут! Не знам дали има потешко повредени. Јас иште се борам со здивот и очитред“ – се наведува во нејзината кратка објава на Фејсбук.

Сепак таа беше прилично активна на истата социјална мрежа за време на потпишувањето на историската спогодба за името помеѓу Македонија и Грција. Таа на својот профил упати клетви кон двете делегации, порачувајќи им „Да ви се исушат рацете“.

За судирите со полицијата и демонстрантите на социјалните мрежи осврт даде и претседателката на штотукуформираната партија Глас за Македонија. Солза Грчева на Фејсбук напиша дека со телесни повреди завршила актерката Арна Шијак, кога протестите ескалирале.

„Една млада девојка доби нервен слом од шок бомбите. Беше ужасно. Мене ме покри со кошула и ме водеше еден господин кога почнаа да фрлаат солзавец. Се тргнавме во ГТЦ, но и таму пуштија солзавец и продолжија со шок бомбите. Само што малку се смири ситуацијата, тргнаа цели групи од единиците за брзо распоредување да не бараат низ ходниците на ГТЦ. Нема да не заплашат. Напротив, ова е денот на национално отрезнување“ – пишува на профилот на Грчева.

Овие три реакции се само мал дел од низата објави и коментари на социјалните мрежи, каде се осудува, како што се наведува, прекумерната употреба на полициска сила. МВР веќе излезе со образложение дека постапките на полицијата се одговор на напади од демонстрантите и нивниот обид насилно да упаднат во законодавниот дом.

За потсетување, при вчерашните судири со повреди се здобиле седуммина полициски службеници – потврди МВР и информираше дека се приведени 25 лица. Како што веќе објавивме, во немирите беше повреден и снимателот на телевизијата 1ТВ, кого непознато лице го турнало на земја, откако тој ги игнорирал заканите да престане да снима.

Протестот кој ескалираше во пресметки меѓу полицијата и демонстрантите беше организиран првично од навивачката група „Комити“, а го поддржаа неколку помали политички партии и Тодор Петров, претседателот на Светскиот македонски конгрест/1тв

Слични содржини