Спутник V штити од сите сегашни соеви на коронавирус

од Nikola Popovski

Руската вакцина „Спутник V“ штити од сите соеви на коронавирусот што циркулираат во моментов, изјави директорот на Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург.

„Спутник V штити од сите соеви што сега кружат. Еден сој на корона, делта сојот, во моментов циркулира во Москва и на територијата на Русија“, рече директорот на Институтот при Министерството за здравство на Русија, кој ја произведе оваа вакцина.

Тој додал дека засега нема недвосмислен одговор на прашањето дали е неопходно да се менува вакцината доколку се појават понатамошни мутации на вирусот.

„Дали таа вакцина ќе обезбеди заштита од други мутации, не можам да гарантирам, но ќе го следиме тоа. Во секој случај, работевме на тоа за да може да заштити од широк спектар на соеви“, рече Гинцбург.

Тој потенцира дека не се регистрирани смртни случаи по вакцинирањето со оваа вакцина.

Слични содржини