Спутник V создава долгорочен имунитет кај 90% од вакцинираните лица?

од Берта Китинска

Истражувањето во аргентинскиот државен совет за научни и технолошки прашања покажа дека 90% од луѓето развиваат долгорочен имунитет откако биле вакцинирани со Спутник V, објави рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), повикувајќи се на извештај објавен во „Ла насион“ .

„Новата аргентинска студија покажува дека клеточниот имунитет, кој обезбедува долгорочна заштита од ковид-19, се формира во 90 проценти од вакцинираните по имунизацијата со Спутник V“, соопштија од  РДИФ.

Даниел Голан за „Ла Насион“ изјави дека кога Т-клетките повторно ќе се сретнат со вирусот, тие брзо произведуваат антитела и „клетки убијци“ кои го уништуваат вирусот.

“Значаен одговор на Т-клетките покажува дека заштитата останува долго време”, рече тој.

До денес, Спутник V е одобрен за употреба во 67 земји, каде живеат 3,5 милијарди луѓе. ТАС С заклучува дека податоците собрани од повеќе земји, вклучувајќи ги Србија, Бахреин, Унгарија, Мексико и други, покажуваат дека Спутник е една од најбезбедните и најефикасните вакцини против коронавирус

Слични содржини