„Срамна фарса“: Американски сенатори негодуваат поради посетата на Зеленски на Вашингтон

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот републикански сенатор Џејмс Дејвид Венс изјави дека посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Соединетите Американски Држави е срамна.

„Тоа е сосема срамно. Ќе мораме да поминеме низ многу недостоинствен процес кога Зеленски ќе дојде и ќе бара вие, американскиот даночен обврзник, да му дадете уште 61 милијарда долари. Во Сенатот сум веќе две години. Ова е најсрамната фарса која сум ја видел“, изјави Венс за „Фокс њуз“.

„Зеленски да беше паметен, ќе вршеше притисок врз Бајден да седне на преговарачка маса за граничното прашање“, заклучил сенаторот.

Од друга страна, членот на Горниот дом на американскиот Конгрес Мајк Ли изјави дека американските сенатори нема да ги слушаат инструкциите на Зеленски.

Како што истакна, „на ум му доаѓаат многу легитимни причини“ зошто не треба да се согласи со Зеленски, кој денеска ќе биде пречекан на Капитол Хил. Ли истакна дека „гостинот не е должен да се грижи за американските интереси“.

„Но, тоа е наша должност и нема да ги следиме неговите директиви“, рече сенаторот.

Потсетуваме, администрацијата на Вашингтон објави дека Бајден го поканил Зеленски во Белата куќа на 12 декември. Украинскиот лидер беше поканет и тој ден да се обрати пред американскиот Сенат.

Слични содржини