Средба Агелер – Ковачевски: Поддршка за европскиот пат на Северна Македонија

од Stefanija Kuzmanovska

На денешната средба со амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, разговаравме за поддршката од нашиот стратешки партнер САД за европскиот пат на земјата и следните чекори, која е постојана и силна, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски по средбата со американската амбасадорка во Скопје, пред утрешната пленарна седница на Собранието за уставните измени.

„Пред нас се храбри и тешки одлуки, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесување, да бидат на ниво на задачата и да донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за идните генерации, за нас, за нашите деца. Пратениците се пред сѐ претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во ЕУ. Заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, врвна демократија. Заради подобар живот по европски стандарди. Затоа што сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината. ЕУ е нашата единствена алтернатива“, напиша Ковачевски.

Утре на пленарна седница, Собранието ја почнува дискусијата за уставните измени со кои се предвидува внесување на Бугарите во уставот. Власта се уште нема двотретинско мнозинство за овие измени.

Слични содржини