Средба Ердоган – Путин кон крајот на август?

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин би можеле да се сретнат кон крајот на август или почетокот на септември, објави турскиот ТВ канал Хабер.

Во извештајот се наведува дека на крајот на месецот Ердоган „можеби ќе има контакт со рускиот претседател Владимир Путин“ и дека се очекува Путин да дојде во Турција, но дека може да има и „посета во спротивна насока“.

Според извештаите, по еднодневната посета на Унгарија на 20 август, Ердоган ќе присуствува на самитот на Г-20 на 9 и 10 септември во Индија.

Слични содржини