Средношколците имаат право на бесплатен превоз и за време на летниот распуст

од Nikola Popovski

ЈСП Скопје ги информира средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз, дека и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст.

-Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2023 година, која, меѓудругото, вели “со почетокот на 2023 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука, посочуваат од јавниот градски превоз.

Денеска завршува учебната година за средношколците, а 14 јуни е последен учебен ден за основците.

Слични содржини