Српската јавност ја доживува ЕУ како „машина за притисок“, оцени Вучиќ

од desk2

Српскиот премиер, Александар Вучиќ, денеска изјави дека јавноста во Србија ја доживува Европската Унија како „машина за притисок“ врз Белград за да го признае Косово.

– Воопшто не е лесно да ги убедиш граѓаните во придобивките од Европа, откако нашата јавност одвреме-навреме ја гледа ЕУ како машина што врши сè поголем притисок врз нас по прашањето за Косово – рече Вучиќ на средба со претставници на работната група за проширување на Унијата, на Советот на ЕУ и на Европската комисија.

Тој изрази увереност дека Србија ќе остане на европскиот пат и откако тој во следните месеци ќе ја напушти премиерската функција.

Српската прогресивна странка едногласно го избра Вучиќ за свој кандидат за претседателските избори во април.

Слични содржини