Српската полиција уапси македонски државјанин кај кого се пронајдени околу девет килограми кокаин

од Vladimir Zorba
37 прегледи

Вишото јавно обвинителство во Лесковац одреди притвор на И. С., македонски државјанин од Скопско, под сомнение за сторено кривично дело Неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги.

Апсењето се случи синоќа околу 2:20 часот наутро на автопатот Ниш – Лесковац, во близина на градот Брестовац.

Полицијата изврши контрола на патничко возило „Форд“, управувано од осомничениот во правец на Скопско. При детален преглед на возилото, во шуплините на предното десно крило се пронајдени 9 пакети со вкупно 8.370 грама кокаин.

На осомничениот му е одреден притвор, по што ќе биде приведен во надлежното обвинителство со кривична пријава.