Српски Телеграф: Населението во Србија се намалува за 200 илјади души годишно поради абортусот

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Населението во Србија намалува речиси за 200 илјади луѓе годишно, поради намерниот прекин на бременоста, соопшти весникот Telegraf. Податоците изгледаат уште драматични, ако се има предвид дека за истиот период на виделина се родени само околу 65 илјади бебиња.
Експертите истакнуваат дека во земјата се вршат абортуси и по десеттата недела, иако законот го забранува тоа. Наводно, во Србија има дури жени кои аабортирале и по 20 пати во текот на својот живот. При тоа поголемиот дел од оние кои ја прекинуваат бременоста, се жени на зрела возраст меѓу 25 година и 40 година. Има многу случаи во кои девојки под 18-годишна возраст абортираат неколку пати со родителска согласност.