Српски уметник приведен поради маска со ликот на Вучиќ

од desk2
106 прегледи

Српскиот уметник Владан Јеремиќ синоќа биле приведен од полицијата пред Музејот на современа уметност во Белград по изведувањето на уметничката акција во рамките на настанот „Салон на неподмитливите“, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“.

Посетителите на оваа акција биле поканети да станат „сендвичмен“, односно да стават маска со ликот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и да делат сендвич-летоци на гостите кои приоѓаат на музејот.

– Полицаецот ми кажа дека мора да бидам приведен затоа што користам во колажна смисла слика на која е и претседателот на Србија. Јас бев збунет, реков дека тоа е уметничка работа и дека е дозволено да се користат слики во медиумите и во уметноста, и дека немам намера да навредувам никого со тоа. Но, сепак ме приведоа во полициска станица во Нов Белград на сослушување – вели Јеремиќ за РСЕ.

Тој вели дека имал покана за отворањето на Музејот на современа уметност и дека двајца кустоси и го потврдиле тоа на полицијата и им рекле на полицајците дека треба да го пуштат бидејќи станува збор за перформанс.

Јеремиќ по час и половина бил пуштен од полициската станица, каде, како што вели, дал две изјави.