ССМ постави едно столче пред Министерството за финансии

од Nikola Popovski

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска го продолжи својот штрајк. Согласно претходно објавеното, тие денеска се пред зградата на Министерството за финансии, каде поставија само едно столче.

-Столчето на министерот за финансии. И вработените во Министерството за финансии добиваат 2806 денари. Некој штрајкува, некоја навива, стои во објавата на ССМ.

ССМ веќе трет ден како штрајкува. Се бара линеарно зголемување на сите плати во јавниот сектор во износ од 2806 денари како и правото за регрес на годишниот одмор.

Претходните два дена, членовите на ССМ ја блокираа улицата пред Собранието, каде поставија 120 столчиња, а во текот вчерашниот ден беа пред Владата, каде поставија 21 столче, колку што има министри.

Во сите јавни установи, во кои синдикатот има свои ограноци и членови, започнат е штрајк со загарантирани минимум 10 проценти од вработените кои ќе работат за да излезат во пресрет на итната работа и барањата на граѓаните, односно да не бидат загрозени безбедноста, здравјето и животот на граѓаните.

Слични содржини