ССНМ: Ако во земјава постоеја само десетмина новинари, седуммина ќе земаа потпросечна плата

од Vladimir Zorba

Само сплотени и солидаризирани во борбата, ние новинарите и медиумските работници можеме да се избориме за нашите работнички права и враќање на достоинството на новинарското перо, вели а претседателот на ССНМ Павле Беловски во видео честитката за 1. мај.

– Ако во земјава постоеја само десетмина новинари, седуммина ќе земаа потпросечна плата, а четворица немаше ниту да имаат постојано вработување, вели тој.

„Останете будни, гласни и непоколебливи. Колеги, правата не се празничен потсетник, туку битка која започна 1886-тата и продолжува.
Честит Први Мај!“, истакнува Беловски.

Слични содржини