#Staged: Трамп потпиша празен лист во болница (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Иако беше потврдено дека има инфекција со коронавирус, Доналд Трамп беше фотографиран во медицинскиот центар Валтер Рид додека потпишува „важен документ“ за да му покаже на светот дека сè уште работи напорно, но се покажа дека американскиот претседател всушност не потпишал ништо затоа што хартијата, која била на масата, била празна!

Тоа беше забележано од корисниците на социјалните мрежи, а Твитер веднаш беше преплавен со провокации на неговата сметка, со неизбежниот хаштаг #Staged (наместено)

Контроверзните фотографии ги објави самата Бела куќа, а ќерката на Доналд, Иванка Трамп исто така ги пофали: „Ништо не може да го спречи да работи за американскиот народ“, напиша таа на социјалната мрежа.

„Можете да видите од кого сте ја наследиле работната етика. Каков татко, каква ќерка“, споделија некои Американци на социјалните мрежи.

„Вака изгледа претседателството на реалити везда, сè е исценирано!“, се некои од коментарите на Твитер.

Новинарот на Белата куќа, Ендру Фајнберг, исто така, внимателно ги прегледал фотографиите и откако зумирал на една од нив, открил дека Трамп „потпишува на празен лист хартија“.

Историчарката Алекс фон Тунзелман го критикуваше и неносењето маска на претседателот: „Се надевам дека неговата суета не го загрози фотографот“.

Слични содржини