Стаклен тобоган на висина од 300 метри – пострашно од скок од авион

од desk2
103 прегледи

Тобоган, по име Skyslide е сместен во зградата US Bank Tower во Лос Анџелес помеѓу 69 и 70 кат. Знаеме дека Америка е земјата на забавата, а во Њујорк и Лос Анџелес нема што нема.

Овој пат Ве носиме на западниот брег на САД, на возење на тобоган после кој нема да Ви биде страв од висина.

Сите вие кои сакате адреналин сигурно веќе сте чуле за страшниот зиплајн, брзи и опасни ролеркостери како и оние најспорите, но можеби и најстрашните. Во тој случај ќе Ве интересира и оваа приказна, која не зборува за зиплајн, ниту ролеркостер, туку тобоган.


Тобоган, по име Skyslide е сместен во зградата US Bank Tower во Лос Анџелес помеѓу 69 и 70 кат. Знаеме дека Америка е земјата на забавата, а во Њујорк и Лос Анџелес нема што нема. Станува збор за една од највисоките згради во САД за која во изминатите години биле вложени околу 68 милиони долари за реновирање.

Одлучено е како атракција да се постави и тобоган, кој комплетно е направен од цврсто стакло. Но и покрај возењето од неколку секунди кое ќе Ве чини 10 долари, адреналинот е висок со оглед на тоа дека до копното Ве делат 2,5 сантиметри стакло.


Една од среќничките кои имале можност да ја испробаат оваа атракција била и новинарката Аманда Ли Мајерс која изјави:

“Скокав од авион од 4.500 метри, се возев со ролеркостер брз 160 km/h, сум се качувала на високи опасни карпи, но ова можеби е една од најстрашните работи кои ги имам направено”.