Стапката на невработеност 14.8 отсто

од Vladimir Zorba

Според податоците на Државниот завод за статистика, во I тримесечје од 2022 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 811 197 лица, од кои вработени се 691 498, а 119 699 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 55.3, стапката на вработеност 47.1, додека стапката на невработеност изнесува 14.8.

При обработката на податоците за I тримесечје од 2022 година се користени регионалните демографски дистрибуции по пол и по петгодишни старосни групи за калибрирање на населението согласно со податоците од Пописот 2021.

Слични содржини