Официјалниот претставник на Светската здравствена организација (СЗО) Мајк Рајан денес изјави дека таканаречените пасоши за вакцини против Ковид 19 не треба да се користат за меѓународни патувања.
Причината е голем број проблеми, вклучувајќи ги и моралните, бидејќи вакцините не се подеднакво достапни за сите во светот.
Рајан посочи дека има „практични и етички проблеми“ за земјите кои размислуваат да користат сертификати за вакцинација како услов за патување и истакнал дека СЗО е против тоа.
– Вакцинациите не се доволно достапни ширум светот. Исто така, тие не се достапни на ист начин – нагласил Рајан.
СЗО претходно изјави дека сè уште не е познато колку долго ќе трае имунитетот од голем број лиценцирани вакцини против Ковид-19 и дека податоците сè уште се собираат.
Тој додаде дека оваа стратегија е неправедна кон луѓето кои не можат да се вакцинираат од одредени причини и дека „барањето за вакцина пасоши може да овозможи нееднаквост и нечесност во системот“.