Против писателот Стивен Кинг беше покрената тужба вредна половина милијарда долари, пишува таблоидот “Ти Ем Зи”.
Тужбата е поднесена од американскиот автор на стрипови Стивен Грант, кој тврди дека Кинг го позајмил од него еден од своите клучни ликови Роланд Дешејн.
Според тужителот Кинг го изградил својот литературен лик од циклусот “Темната кула” по примерот на протагонистот Рестин Дане од стрипот на Грант “Rook”.
И двајцата ликови се вечно млади научни индустријалци кои патуваат низ времето и се борат со чудовишта и носат каубојска облека, иако не се од Запад.
За Кинг судската битка тешко ќе има поволен развој, со оглед на фактот дека тој самиот повеќепати признал дека е фан на предметниот стрип серијал објавен меѓу 1977 и 1983 година.
Осумте делови на “Темната кула” пак се издадени помеѓу 1982 и 2012 г .