Без записник во полицијата поминала сообраќајна несреќа во која два автомобила се речиси целосно уништени од предната страна, пишува Ипортал. Изворот кој до порталот ги испратил фотографиите вели дека автомобилот е на познатиот македонски ракометар Стојанче Стоилов.
Автомобилите се фотографирани во населбата Ново Лисиче, а потоа автомобилот за кој изворот вели дека е на ракометарот подоцна бил преместен на паркингот зад станицата за технички преглед на ПСС во населбата.
Според извори на Ипортал, пред сообраќајката, Стоилов бил во Рустикана до 5 часот наутро, а сообраќајката ја направил враќајки се од кафеаната, под дејство на алкохол. Останува нејасно дали автомобилот навистина е на ракометарот и зошто сообраќајната несреќа поминала без записник во полицијата.