Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска, во емисијата Топ Тема на ТелмаТВ изјави дека покрај кривичните пријави за двајцата пратеници кои позитивни на Ковид19 вчера дојдоа во Собранието на С. Македонија за гласањето на петтиот пакет мерки за граѓаните, кривична пријава ќе добие и спикерот Талат Џафери поради загрозување на здравјето на граѓаните.
-Вчера се случи скандал од невидени размери, беше загрозено здравјето на сите во Собранието. Не е точно дека Бисера влегла од други патеки. Влезот е од ист ходник од каде што се влегуваат сите пратеници и новниари. Овој вирус се пренесува преку воздухот. За какви протоколи станува збор, како може за некој да важи законо, а за некој не. Тоа беше херојство во наводници, ова е показател дека за власта не важат никакви закони. Во Македонија секој стравува за здравјето, само за претставниците на власта не важат законите и протоколите. Кривичните пријави ќе бидат поднесени против пратниците, но и до претседателот на Собранието Талат Џафери, рече Стојановска.