Столтенберг: Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО

од desk4

“Луѓето во Македонија треба да одлучат, а тоа е можност која доаѓа еднаш во животот!

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг потврди дека Алијансата се согласи да упати покана за членство на Македонија.

“Го поздравуваме договорот меѓу Атина и Скопје и се согласуваме да ја поканиме Владата во Скопје да ги почне преговорите за пристапување, откако ќе бидат завршени сите внатрешни процедури за финализирање на договорот.

Земјата ќе влезе во НАТО како 30-тата земја-членка”, изјави генералниот Секретар Јенс Столтенберг на прес-конференција по првиот состанок на Северноатлантскиот совет на Самитот на НАТО.

Столтенберг рече дека само со промена на името, Македонија би можела да се приклучи кон Алијансата, и упати сериозна порака до граѓаните на МАкедонија.

“Луѓето во Македонија треба да одлучат, а тоа е можност која доаѓа еднаш во животот. Тие или ќе го  поддржат договорот и земјата ќе стане членка, или нема да го поддржат  и земјата  нема да стане член, но не може да ги добие двете нешта. Нема членство без промена на името, но луѓето треба да одлучат “, порача Столтенберг.

Слични содржини