Западот не му вети  на поранешниот претседател на Русија, Михаил Горбачов, дека НАТО нема да се прошири .

 

Ова беше кажано во интервјуто за БиБиСи од генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

“Не може да има такви ветувања – големите земји да ветуваат нешто во име на малите“, коментираше тој.

Тој додава дека секоја земја има право да поставува својот пат и дека самата помисла најголемите играчи во светската политика да наметнуваат решенија на суверените европски држави е прекршување на основниот принцип на суверенитетот и правото на самоопределување.

“Ние ги следиме основниот принцип дека секоја земја има право да го избира патот сама. Сметам  дека тоа  е основен принцип во однесувањето на државите. (…) НАТО одржува пријателски односи со Шведска и Финска, кои одлучија да не влегуваат во Алијансата. Комплетно го почитуваме нивниот избор. Но ако една земја сака да стане негов член, според основниот принцип таа има право на избор и тој мора да биде почитуван. Не сакаме да живееме во свет во кој големите земји одлучуваат што можат да прават малите и што не можат . ” – нагласува Столтенберг.

 “За мене, како човек роден во Норвешка, е апсолутно неприфатлива помислата дека една голема држава може да се дефинира како провокација изборот на својот мал сосед, затоа што не го сакаат. Тоа не е провокација! Тоа е суверено право на секоја земја да го  избира патот  . ” – додава тој.

Генералниот секретар на НАТО прави и историска референца  за  средината на минатиот век:

“Во 1949 година Сталин беше против влегувањето на Норвешка во НАТО, тоа не му се допаѓаше. И ние се надеваме дека САД и Велика Британија изјавија дека Норвешка сама треба да одлучи . Русија треба да престане да гледа проширувањето на НАТО како агресија кон себе. Бидејќи тоа не е така. ”

Тој потсетува дека дури и во најтешкиот период на Студената војна, Норвешка и Русија соработувале на економски, еколошки и трговски прашања.

” Ако Русија е загрижена помалку, за  нашите односи, тие  би можеле да бидат многу подобри . Значи, ова (приемот на нови земји во НАТО  ) не е насочено против Русија. Тоа е за да можат земјите да се чувствуваат посигурни од тоа дека припаѓаат на заедница на демократски држави кои се договориле да се заштитат меѓусебно од секакви закани. ” – објаснува Столтенберг.

“Ако една земја побара да влезе во нашата  Алијанса, единственото нешто што го правиме е да анализира дали таа ги исполнува сите потребни критериуми. Од 1999 година досега е направено во однос на 13 држави и ќе продолжиме да го правиме и во иднина , со  нови европски земји, применувајќи го својот демократски однос ,  да одлучиме  да се придружиме. ”  сумира генералниот секретар на НАТО.