101
Претставници на турската армија, назначени на позиции во НАТО, побарале азил, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.
За време на посетата на Истанбул, која почнува в недела Столтенберг ќе го покрене прашање за човековите права.
Според генералниот секретар на НАТО барањата за азил се прашање, кое ги засега националните власти.
Столтенберг исто така ја повика Турција да го почитува владеењето на правото./MИА