Столтенберг: Путин направи две големи стратешки грешки

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во авторска статија за „Фајненшл тајмс“ навел дека годината која изминува била најпредизвикувачка за европската безбедност од Втората светска војна.

Столтенберг истакна дека 2022 година била исклучително болна за Украинците, но и дека оваа година била година на неуспех за рускиот претседател Владимир Путин. Шефот на НАТО посочи две грешки кои Путин ги направил.

Тој го потцени НАТО

„Прво, тој ја потцени Украина. Мислеше дека може да го освои Киев и да ја обезглави владата за неколку дена. Десет месеци подоцна, украинскиот народ, вооружените сили и раководството продолжуваат да ја бранат својата татковина со вештина, храброст и решителност кои го инспирираа светот.

Втората грешка на Путин беше потценувањето на единството на НАТО. Мислеше дека може да не подели и да ни го одвлече вниманието од поддршката за Украина“, објаснил Столтенберг за „Фајненшл тајмс“.

Столтенберг посочил дека се се темели на долгорочната поддршка на НАТО за Украина. Од 2014 година, САД и Обединетото Кралство, Канада и другите сојузници на НАТО обучија десетици илјади украински војници и ја поддржаа реформата на вооружените сили.

„Кога Русија ја започна својата целосна инвазија во февруари, украинските вооружени сили беа подобро водени, подобро обучени и подобро опремени да се спротивстават на повторната руска агресија“, истакна Столтенберг.

Слични содржини