Столтенберг: Руската агресија ја менува играта, принудени сме на промени

од Nikola Popovski

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Брисел изјави дека руската агресија „ја менува играта“ и дека организацијата ќе ја зајакне воздушната, поморската и сајбер одбраната, како и дека ќе користи технолошки пософистицирани трупи на териториите на земјите-членки.

Столтенберг навести дека војниците на НАТО во иднина ќе бидат задолжени за директна одбрана на одредени земји, а нема да бидат во општи должности како досега, што ќе им овозможи побрзо да реагираат.

Тој повтори дека НАТО е „посветено да обезбеди се што е неопходно за да се зачува правото на Украина на самоодбрана“ и најави дека организацијата ќе распореди повеќе војници на своето источно крило.

Говорејќи во Брисел, генералниот секретар на НАТО ја осуди „немилосрдната војна за трошење против Украина што ја води Русија“ и додаде дека НАТО планира сеопфатен пакет помош за Украина за да може да премине од оружје од советската ера на оружје на НАТО.

Осврнувајќи се на изјавата на папата Франциск дека војната во Украина „можеби некако е испровоцирана“, Столтенберг изјави дека НАТО е одбранбен сојуз и посочи дека „Путин и Москва се одговорни за оваа брутална агресија“.

Слични содржини