Стоматолог ги сподели раните знаци на дијабетес кои први ги забележува кај пациентите

од Stefanija Kuzmanovska

Стоматологот може да каже многу за вашето здравје само ако погледне во вашата уста.

Вашата уста може да открие многу за вашето целокупно здравје, дури може да укаже на ризикот од дијабетес.

Д-р Вивијан Рокнијан, стоматолог, опиша три знаци кои можат да укажуваат на дијабетес:

Пукнатини на јазикот
Првиот предупредувачки знак може да ви се појави на јазикот во вид на пукнатини, објаснила докторката.

Додаде дека во една прилика нејзин пациент навел дека е секогаш жеден и кога го погледнала неговиот јазик видела пукнатини.

Постојано сте жедни иако пиете многу вода
Можеби еден од најпознатите симптоми на дијабетес е полидипсија, поради која сте многу жедни и покрај тоа што пиете многу течности, објаснила докторката.

Diabetes.co.uk забележува дека ако чувствувате дека грлото ви е постојано суво или вашата жед е посилна од вообичаеното и продолжува дури и откако сте испиле течности, тоа може да биде знак за дијабетес.

Овој симптом е често придружен со привремена или долготрајна сува уста.

Црвени непца
Последниот знак што може да се забележи во устата се црвените непца. Стоматологот објасни дека дури може да почнат да крварат кога ќе ги допрете.

Слични содржини