Стопанството ќе добие нова финансиска помош

од Берта Китинска

Кон крајот на овој месец или најдоцна во првата недела од февруари Владата ќе излезе со петтиот сет антикризни мерки.

-Во тек се, консулатациите со стопанските комори и со сите засегнати страни, за да се донесат што поефикасни решенија. Во моментов разговараме, не се точно дизајнирани мерките. Има различни предлози, но во рамки на можностите и буџетските средства определени за КОВИД програмата и секако, по состаноците со стопанските комори, ќе излеземе и заеднички ќе ги презентираме, рече Бектеши.

Министерот оцени дека досегашните четири пакети го даддоа очекуваниот резултат, и во делот на зголемување на ликвидноата на компаниите и во делот на зачувување на работните места.

loading...

Слични содржини