Стотици откажани летови поради снежно невреме во САД

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Илјадници патници се блокирани на аеродроми затоа што нивните авионски летови се откажани поради снежно невреме во некои делови на САД.

Авијациските власти денеска соопштија дека се откажани 550 летови на меѓународниот аеродром О’Хер и околу 230 летови на аеродромот „Мидвеј“ во Чикаго.

 Откажани се и повеќе од 100 летови на меѓународниот аеродром во Детроит.

Патиштата во Чикаго се покриени со мраз и снег, а во текот на ноќта се случиле најмалку 25 сообраќајни несреќи.

На почетокот од неделава авиокомпаниите ги предупредија патниците да очекуваат откажување на летови и до државите Минесота, Мичиген, Висконсин, Илиноис, Индијана и Охајо

Некои владини служби во САД  запреа со работа отакако, а еден ден не работеа ни училиштата во Илиноис, Индијана и Мичиген.

Областа зафатена со невремето се протега од Западна Монтана до Јужен Мичиген. Националната метеоролошка служба предупреди дека на некои места може да паднат до 36 сантиметри снег.