Рано наутро, 28-годишниот Салах Абдеслам го напушти затворот со конвој на полицајци. Од стотици вработени се очекува да ја чуваат судската зграда во Брисел за време на судењето.

Абдесалам е обвинет за обид за убиство на неколку полицајци во терористички чин и поседување на забрането оружје за извршување на терористички напад.

Обвинувањата исто така се однесуваат на кражбата во Брисел на 15 март 2016 година. Нападот дојде четири месеци по нападот во Париз, и само неколку дена по апсењето на Салах Абдеслам. Тројца полицајци беа повредени во терористичкиот чин.

Француски државјанин,  Салах Абдеслм се скри во Белгија по нападите во Париз на 13 ноември 2015 година, при што загинаа 130 лица. Тој се криел од полицијата неколку месеци пред да биде притворен. Сала Абделам беше уапсен на 18 март 2016 година во Брисел.

Денеска единствениот преживеан од џихад тим кој изврши масакр во Париз во ноември 2015 година – Салах Абдеслам се соочува со судот во Белгија.

28-годишниот француски државјанин од мароканско потекло бил опремен со самоубиствен елек. Но, за разлика од неговиот брат, тој не го активирал уредот кој бил пронајден меѓу остатоците неколку дена по масовното убиство. По четири месеци бегство, најбараното лице во Европа беше заробено во предградието на Моленбек во Брисел и им рече на истражувачите дека планира да експлодира пред Стад де Франс,.
Абдеслам е исто така поврзан со џихадистите кои извршија бомбашки напади на аеродромот во Брисел и метрото во март 2016 година, што се случи само четири дена по неговото апсење.
Тој беше задржан во изолација   во најголемиот затвор во Европа – во Floury-Meroigi, јужно од Париз. Во
последниве неколку месеци, условите за притвор биле благо намалени кога знаците на неговото ментално здравје се влошиле.По судењето, тој ќе биде префрлен во затвор со висока безбедност во северна Франција, кој е поблиску до Белгија. / AFP