“Стратфор”: Балканот ќе го привлече вниманието на Русија и Западот во последниот квартал на годината

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Тензиите меѓу Србите и Бошњаците расте, судирот ќе биде со помал интензитет

1476597712-wgfe
Црна прогноза: според Американскиот институт за стратешки истражувања “Стратфор” Балканот ќе биде уште “една европска арена”, која ќе го привлече вниманието на Русија и Западот во последниот квартал на оваа година . “По контроверзниот референдум во Република Српска, кој беше одржан против волјата на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, тензиите меѓу Србите и Бошњаците се зголеми.Се смета дека овој референдум ќе ги наруши и досега кревките односи меѓу етничките групи во Босна и Херцеговина “, се наведува во прогнозата на авторитетната разузнавачка агенција “Стратфор”.

Според институтот судирот ќе биде со помал интензитет, но поддршката на Москва за српската позиција и можноста за избувнување на етнички судири и даваат на Русија уште една арена за посредување во преговорите со Европејците и Американците. во исто време, како што предвидува институтот, Европската унија веројатно ќе им овозможи на земјите од Балканот да ги задржат своите граници затворени, што ќе ги обесхрабри мигрантите во нивните обиди да стигнат до внатрешноста на континентот. Се тоа е сериозно поле за обработка и продор на разбудената руска мечка и политика.