На 1 август бугарскиот премиер Бојко Борисов и неговиот македонски колега Зоран Заев потпишаа во Скопје договорот за приjателство меѓу двете земји

Промените и реформите на Балканот треба да бидат извршени од внатре. Но, во исто време, е потребна поддршка од глобалните играчи. Македонската влада веќе изврши огромна работа со подобрувањето на односите со соседите – со потпишување на Договорот за пријателство со Бугарија, со намера да го реши спорот за името со Грција и со зголемувањето на соработката со Албанија. Ова го пишува во авторски текст во “Стратфор” поранешниот американски амбасадор во Белград,
Камерон Мантер. “Странски играчи не можат да бидат клучниот фактор при решавањето на проблемите во регионот …. Многу е важно не само владите, туку и граѓанските структури, бизнисот, универзитетите и невладиниот сектор да работат за градење на иднината на регионот.
Се започнува одвнатре” , смета тој.
Заедно со тоа треба да бидат решавани и други важни проблеми како миграцисксата криза, намалувањето на националистичките манифестации кои предизвикување на етнички и социјални конфликти.
“Западен Балкан најдобро ќе ги реши проблемите со помош однадвор. Балканот можат да биде успешна приказна во наредните години, но ако отпадне од вниманието на најзначајните глобални лидери, веројатноста да западнат во состојба на нестабилност ќе се зголемува”, предупредува дипломатот.
“Во првите 6 месеци од администрацијата на Трамп имаше 5 клучни позиции во надворешната политика, но во ниту една од нив не се споменуваат Балканот. А до неодамна дел од светското внимание беше свртено кон Балканот … Дејтонскиот мировен договор од 1995 година стави крај на војната во Босна и Херцеговина, но се покажа како нестабилна структура за управување со земјата.
Србија и Косово се уште не се помириле, а тоа е неопходен чекор за постигнување на нивната цел – членството во ЕУ. Внатрешните проблеми сеуште се видливи во Македонија, како и во земјата-членка на Унијата Хрватска. Во исто време најпаметните и најдобрите бегаат од регионот во потрага на среќата на други места. Заедно со тоа огромниот економски потенцијал на регионот – од туризмот до иновативните технологии и IT-секторот – не се користи доволно “, пишува Камерон.
Според него “геополитичките проблеми и етничките тензии повторно пливаат на површината на Балканот и создаваат потенцијална опасност за регионот”.
“Прашањето е дали европските лидери го забележуваат тоа и дали се мешаат навреме, за да помогнат?
Добрата вест е дека има напредок и во случајот тој започнува со економијата. Западен Балкан имаат потреба од економска помош и тоа беше кажано многу јасно за време на средбата во Трст неодамна “, нагласува тој. Тој смета дека и “други земји” оставиле економски свој белег во регионот.
“Кина покажа огромен интерес за инвестиции во инфраструктурата на Балканот. И во овој поглед веќе направи многу – најбрзиот воз од Белград до Будимпешта, следат јадранската магистрала, поврзувањето на Црна Гора со Албанија, Грција и Италија. Тие веќе купија пристаништето во Пиреја, за да го направат патот за транспорт на стоки од Грција во Западен Балкан до европските пазари “, нагласува Камерон.
“Европските лидери, прво Германија, продолжуваат да го набљудуваат регионот, додека Русија го поддржува присуството и претежно во енергетскиот сектор во Србија. Иако многу често се турбулентни односите со Балканот, САД се должни повторно да го зголемат своето присуство . Вашингтон има интереси на Балканот на прво место во косовските воени сили, кои се водени од НАТО. Одбраната на американските интереси најдобро се гледа преку нивните инвестиции. во исто време е многу важно луѓето од Балканот да имаат јасна претстава и разбирање за последиците од зголеменото кинеското влијание. Кина ќе биде активна во регионот во наредните години “, предупредува американскиот дипломат.