СТРАТУМ Р&Д: Коалицијата СДСМ и БЕСА се перципира од граѓаните како победничка коалиција и има стабилна предност

од Vladimir Zorba

Коалицијата СДСМ и БЕСА се перципира од граѓаните како победничка коалиција и има стабилна предност (31%) во однос на ВМРО-ДПМНЕ (27%) пред вонредните парламентарни избори на 15 јули, велат резултатите во истражувањето на јавното мислење на агенцијата СТРАТУМ Р&Д.

Перцепцијата на победничка партија влијае на изборниот резултат а од податоците се гледа дека Коалицијата СДСМ и БЕСА се перципираат како победничка коалиција и оваа разлика е статистички значајна споредено со определбите во моментов каде разликата е во ранг на грешката поврзана со големина на примерокот.

Во моментов, најголем број од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат за коалицијата СДСМ БЕСА, 2% помалку од нив изјавиле дека ќе гласаат за Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ. Иста разлика од 2% има помеѓу албанските партии ДУИ и Алијанса на Албанците.

Агенцијата СТРАТУМ Р&Д спроведе сопствена телефонска анката на репрезентативен примерок од 900 испитаника (150 испитаника по Изборна единица) во периодот на првата недела од јули односно од 1ви до 6ти јули 2020.

Испитаниците се бирани на фиксни телефони во домовите со удел од 60%, а 40% согласно запазување на квотите за репрезентативност на примерокот се бирани на мобилни телефони.

Прашањата во оваа анкета се операционализирани како варијабли – ставовите на граѓаните кон општествено социјално и политичкото функционирање на државата.

Резултатите од истражувањето на следниот линк!

Слични содржини