
Хилари Клинтон добро ja поминала благата форма на бактериска пневмонија, но е “здрава и достојна да служи како претседател на САД.” Ова го објави во четвртокот нејзината лична докторка Лиза Бардак.
Докторот утврдил и дека другите медицински индикатори се нормални и таа е во одлична ментална состојба.
И покрај овие оптимистички вести новата анкета покажа дека речиси половина американски избирачи не веруваат дека лесната пневмонија на кандидатката на демократите за Белата куќа е причина за лошото нејзиното здравје, а 22% се убедени дека дури и да стане претседател, таа нема да го доживее крајот на мандатот.
Вревата околу здравјето во последните денови извади на виделина дека поранешната прва дама во текот на годините често ги криела болестите или моменталните болки каковод екипата, така и од јавноста во целина.
Излезе исто така, дека во блиското минато таа навистина имала сериозни здравствени тестови кои сигурно се одразиле врз целокупната нејзина состојба.
Првиот видлив симптом дека нешто не е во ред со Хилари беше силната кашлица, поради која таа го прекина нејзиниот говор и објасни дека на забава добила алергија на Трамп. Потоа дојде нејзиното влошување за време на церемонијата на жртвите на нападите од 11 септември. Таа итно ги натера агенците да ја изнесати да ја одведат до блискиот стан на ќерка Челзи.
Се чувствував да имам вртоглавица и изгубив рамнотежата. Но кога се качив, седнав, и испиев малку вода, веднаш се почувствував подобро “, објасни самата претендентка за Белата куќа.
Малку подоцна стана јасно дека била болна од бактериска пневмонија, но тоа го криела дури од луѓето од кампањата, за да не изгледа ранлива. Игнорирањето на вистината сепак ја скрои лошата шега.
Прашањата околу нејзината способност за вршење тешки обврски на претседател веднаш предизви реакции и едвај наскоро ќе најдат одговор.
А, на интернет се појавија хипотези и теории на заговор. Познат американски патоанатом објави дека демократите треба итно да направат истражување на нејзината крв за да се открие дали не е отруена.
Бенет Омалу дури посочи дека е можно во тоа да е вмешан не само републиканскиот конкурент Доналд Трамп, но и Русите и лично Путин. Веднаш по слошувањето на 11 септември пак на мрежата се исполнија слики на охрабрената Хилари, како излегува од станот на Челзи по 90 минутен одмор кои докажува дека таа користела двојничка за да ја измамат публиката и медиумите.
Споредени беа ушите, носот, прстите на вистинската Хилари и на двојничката. Нејзе и препишуваа дисфазија (нарушување на говорот) поради повреда на мозокот, која ги објаснува најчудните моменти и манири, како и ненадејните промени на расположение – напади на гнев или на вештачка смеа.
Издадени беа кадри од средби со гласачи на кои кандидатката започнува неконтролирано да ја клати главата, а луѓето околу неа гледаат шокирано. Се заговора дека има Паркинсонова и Алцхајмерова. Конечно телевизија ABC7 постапи најмногу радикално, најавувајќи дека Хилари починала од воспаление на белите дробови, но пред приврзаниците на демократите да западнат во паника, се исправи и се извини за гафот.
Иако далеку од тоа не е толку атрактивно, медицинскотото досие на Хилари Клинтон е доста богато, независно од уверувањата на докторите дека најлошото помина и таа може спокојно да ја продолжи предизборната кампања.
Според сведоштва собрани од британскиот весник “Дејли мејл”, во јануари оваа година поранешната американска прва дама имала тешко воспаление на синусите и на увото, кое ја доведе до операција, и таа останала во целосна тајност. Нејзе и биле препишани антибиотици и стероиди и била поставена одводна цевка во левото уво.
Во март поради инфекцијата дури и бил направен скенер за можни мозочни попречености. Немало ништо алармантно, но болките во уво продолжиле уште долго. Во септември Хилари на доктор била два пати, едната посета била уште на 2 септември.
Тогаш била утврдена ниска температура и замор. Следната била една недела подоцна, на 9 септември, кога се разбрало за пневмонија. Нејзе и било препишано 10-дневен третман со антибиотици, но дури и ќерка и Челзи не се сомнева ништо се до слошувањето во неделата, на 11 септември. Клинтон требаше да голта лекови против сезонски алергии, од која страда со години.
Сепак најсериозениот предизвик за здравјето на поранешната прва дама бил во 2012 година, додека се уште е министер за надворешни работи. Тогаш поради тежок стомачен вирус таа паѓа во несвест во својот дом, удирајќи ја главата и добива потрес на мозокот.
По прегледот тогаш нејзините откриваат крвно згрутчување во вена меѓу мозокот и черепот зад десното уво. Хилари поминува неколку дена во болница, а потоа заздрававувањето трае повеќе од еден месец. Последователно видот и се влошува, таа добива раздвојување на сликите и треба да носи специјални очила.
Дури во 2014 година Бил Клинтон призна дека 6 месеци се бори со последиците на потрес на мозокот и констатирањето на тромбот од 1998 година, кога сеуште е прва дама. Ногата и отекува до степен дека не може да облече чевел. Брзо е пренесена во болница, каде што откриваат огромно крвно згрутчување зад десното колено.
Во 2003 година таа раскажува за оваа епизода во своите мемоари, и признава дека “тоа е моментот кога најмногу сум се плашела за своето здравје”. Тогаш за кратко време прифаќа медикамент за разредување на крвта. Во 2009 година се здобива со втор тромб.
За него нема речиси никакви медицински податоци, освен дека тоа дека морала да пие секој ден лекови за “длабока венска тромбоза”. Тогаш се изразува претпоставка дека постојаните летови како државен секретар го продлабочиле страдањето. Истата година Хилари паѓа на пат од Стејт департментот до Белата куќа и си го крши лактот на левата рака, по што е оперирана цели два часа, но речиси веднаш се враќа на работа.
Продолжува да оди на состаноци и на посети во странство, но со гипс на раката. Во 2015 година стана јасно дека г-ѓа Клинтон зема лекови за тироидната жлезда, со која исто така има проблеми, лишувајќи го организмот од важни хормони.
Сите овие факти, повеќето останати тајни или распространети години подоцна, ја зголемуваат недовербата на избирачите во кандадатката на демократите. Како ќе влијае тоа на одлучувачката финална битка со републиканскиот кандидат Доналд Трамп, чиј единствен здравствен проблем е прекумерната тежина, ќе стане јасно во наредните денови.
Приврзаниците посочуваат дека завршуваат со досието и нема ништо фатално и поизразено. Сепак се зборува дека демократите за секој случај подготвувале варијанта Б да ја заменат итно, ако треба.