Струмичанец фатен дома со марихуана, се однесувал агресивно кон полицајците

од Nikola Popovski

На 12.07.2023 во 14.20 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода А.А.(44) од Струмица.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. При претресот, А.А. со лицата Ѓ.А. и М.А. агресивно се однесувале кон полициски службеници при вршење службени дејствија.

А.А. бил задржан во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Слични содржини