Струмица и Аеродром нови ковид жаришта, утре ќе се одлучува за предложениет мерки

од Берта Китинска

Вчера беа нови 594 новозаразени со Ковид-19 во земјава.

Според податоците на министерството за здравство ново жариште е Струмица каде во моментов се активни 357 случаи. По вој град на листата со зголемен број активни случаи се Тетово, Куманово,Прилеп и Кочани.

Скопје и натаму е град со најголем број активни случаи – 2 515. Според вчерешната статистика, главниот град е рекордер и по бројот на новорегистрирани случаи во изминатите 24 часа – 303.

Од скопскиште општин со најголем број заразени  предводи Аеродром со 505 случаи, а следуваат Центар со 433 и Карпош со 417.

Комисијата за заразни болести, поради растечкиот тренд на бројот на заболени, предложи нови мерки и рестрикции како скратување на работното време на еконосмките оператори до 23 часот, нови мерки за јавниот превоз.

Од понеделник пак, парламенот ќе гласа за досега предложениет мерки, меѓу нив и задолжително носење маска на отворено.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека Законот за заштита од заразни болести веќе е во собраниска процедура и со амандманска интервенција ќе има можност веќе следната недела да се интервенира. Посочи дека за кратко време се очекува и законот по скратена постапка да се реализира, со цел да се донесат новите мерки, кои ги предлага Комисија за заразни болести, а со цел да не се шири коронавирусот меѓу населението.

 

loading...

Слични содржини