Студија: 91 процент од пациентите кои го прележале коронавирусот имаат барем една долгорочна компликација

од Nikola Popovski

Наодите на научниците покажуваат дека Ковид-19 може значително да ја оштети работата на бубрезите, црниот дроб, срцето и мозокот кај некои пациенти и тоа на долг рок. Неодамнешна студија покажа дека дури 91 процент од пациентите кои „закрепнале“ имаат барем една долгорочна компликација на оваа болест, пишува „Best life“.

Новите откритија се резултат на студија спроведена на 965 пациенти кои се опоравиле од Ковид-19 во Јужна Кореја. Научниците изјавиле дека 879 испитаници, или 911 проценти од нив, рекле дека имаат еден долгорочен симптом. Заморот бил најчест симптом (пријавен кај 26 проценти од пациентите), а тешкотии во концентрацијата биле пријавени кај 25 проценти од пациентите, според корејскиот Центар за контрола и превенција на болести (KDCA).

Бројни пациенти соопштиле дека тие исто така имале психолошки проблеми и долгорочно губење на чувството за вкус и мирис, а кај некои оваа последица била присутна дури и неколку месеци по завршувањето на болничкиот третман.

Резултатите од истражувањето се уште еден доказ дека голем број луѓе кои го прележале вирусот се борат со долгорочните последици од оваа болест.

СЗО неодамна објави дека долгорочните симптоми како што се замор, кашлица, главоболка и губење на чувство за вкус и мирис се уште се чести кај населението на возраст од 18 до 34 години, две до три недели по добивањето на позитивните резултати од тестот.

Истиот извештај вели дека 40 проценти од пациентите кои ја преживеале пандемијата на САРС во 2003 година, што исто така било предизвикана од коронавирус. покажале симптоми на хроничен замор кои траеле три и пол години по дијагнозата. Агенцијата заклучила дека има сè поголем доказ за долгорочни здравствени компликации кои влијаат на срцето, белите дробови, мозокот и менталното здравје на пациентите.

Треба да се спомене и извештајот на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) од јули, кој покажа дека 35% од испитаните пациенти не се опоравиле во целост дури две до три недели по позитивниот тест за вирусот, а многумина изјавиле дека се чувствуваат уморни. Некои експерти веруваат дека болеста може да предизвика синдром на хроничен замор познат како мијалгичен енцефаломиелитис.

Слични содржини