Согласно препораките на Владата за справување со корона вирусот, деенска во Кривичниот суд Скоје се одложи судењето за случајот „Титаник 3“.
Претседателот на судечкиот совет, судијката Марија Клетничка, која наредното рочиште го закажа за 25 март, информираше дека одлуката се темели на препораките од Владата.
Исмет Гури кој е прво обвинетиот во предметот „Титаник 3″ не се појави на денешното рочиште, затоа што е лице кое 20 години боледува од дијабет и спаѓа во групата на луѓе за кои Владата, даде препораки да не излегуваат од дома како мерка за заштита од вирусот Ковид 19.
„Стануваа збор за лице во ризик кој добива инсулинска терапија. Согласно одлуката на Владата оваа лице треба да го ограничи своето движење“, кажа адвокатот Еленко Миланов.
Обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, реагираа и наведоа дека станува збор за препорака на Владата, а не за забрана.
Од овие причини според нив судењето за овој предмет кој е во фаза на завршни зборови треба да продолжи.