Судир во Нагорно-Карабах: Ерменија објави снимки од срушени хеликоптери, мобилизира 10.000 војници (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан избувна повторно утрово во спорниот регион Нагорно-Карабах, а ерменското Министерство за одбрана соопшти дека се соборени два азербејџански хеликоптери.

Портпаролот на Министерството Шушан Степанјан изјави дека ерменските сили погодиле три азербејџански тенкови.

Нагорно Карабах е етничка ерменска енклава во Азербејџан, која е надвор од контролата на Азербејџан од крајот на војната во 1994 година. Двете страни имаат силно воено присуство долж демилитаризираната зона што го одделува регионот од остатокот на Азербејџан.
Степанјан рече дека денешниот конфликт започнал со азербејџанскиот напад, но Азербејџан објави дека ерменската страна нападнала и дека Азербејџан започнал со контраофанзива.

Ерменија прогласи општа мобилизација и планира да испрати 10.000 војници во конфликтот.

Слични содржини